Автопат Бања Лука-Добој, Бања Лука-Прњавор

Име на договор Договор на работодавач Вредност на договор Датум на завршување

Автопат Бања Лука-Добој, Бања Лука-Прњавор

ГД Гранит а.д. Скопје, со гордост објавува дека делницата од Автопатот Бања Лука – Добој, Бања Лука – Прњавор беше пуштена во употреба во вторник, 02.10.2018г., надоврзувајќи се на делницата Прњавор – Добој којашто е во употреба од 11.09.2016г., со што во целост е завршена изградбата на делот од Автопатот 9ти Јануар којшто ги поврзува двата најголеми градови во Република Српска, и обединува повеќе од половината од локалното стопанство на оваа мала земја. Безмалку 2.5 милиони м3 насип, 1 милион мископ, околу 60 илијади мбетон, 900 илијади масфалт, се бројките со кои се мери успехот на најголемата македонска градежна компанија на овој проект. Во изминативе 4 години, колку што траеше изведбата на оваа делница од Автопатот, изградивме 1 вијадукт од 466м, 11 мостови, 2 подвозици и 7 надвозници, 9 км регулација на речно корито, стопиравме и саниравме 2 свлечишта, направивме потпорна конструкција од 400м, изградивме брз и сигурен автопат, со паметна сигнализација и управувачки центар, на рамниште на секој модерен автопат во западна Европа.

facebook
Twitter
Follow

Галерија

Мапа

ГРАНИТ ПРОИЗВОДСТВО

НАШАТА СТРАТЕГИЈА Е ДА СЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ НЕЗАВИСЕН И САМОДОВОЛЕН ЗА ПОВЕЌЕТО ОД НАШИТЕ ОСНОВНИ РЕСУРСИ. ОТТУКА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА РЕСУРСИ, КАКО КАМЕН, БЕТОН И АСФАЛТ Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ.

  • 9
    БЕТОНСКИ БАЗИ
  • 7
    АСФАЛТНИ БАЗИ
  • 7
    КАМЕНОЛОМИ
  • 11
    ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ