ГД Гранит АД Скопје добитник на ПЛАКЕТА за Значаен корпоративен донатор во 2020 година

На 18-ти Декември 2020 година, по повод Меѓународниот ден на човековата солидарност, СОС Детско Село организираше настан „Едно семејство“ чиј покровител е г-ѓа Елизабета Георгиевска, сопруга на Претседателот на РСМ, на кој настан беа доделени плакети на донаторите кои ја подржуваат благородната мисија на оваа организација, а беше отворена и изложбата на уметничките дела на Мартин Бурески, младенец од СОС Детско село.

ГД Гранит АД Скопје, како еден од корпоративните донатори, продолжува силно да ја подржува мисијата на СОС Детското Село, чие мото гласи: „Ниедно дете не заслужува да расте само“.

Трогнати од решителноста и амбицијата на децата кои растат и се развиваат во СОС Детско Село, но и свесни дека иднината е поизвесна и посветла со личности како што се тие, не само што продолжуваме да бидеме дел од нивната работа, но и се стремиме за продлабочување на соработката на повеќе нивоа.

Наша привилегија и чест е да допринесеме да не растат сами.

facebook
Twitter
Follow

Галерија