ГД Гранит АД Скопје донираше 10.000 тестови за брза детекција на Covid-19 на Министерството за здравство

Следејќи ги своите определби за општествено одговорна компанија, ГД Гранит АД Скопје донираше 10.000 тестови за брза детекција на Covid-19 вирусот, со што изрази силна подршка на Министерството за здравство во борбата против корона вирусот.

ГД Гранит АД Скопје останува посветен на заложбите за олеснување на решавањето на проблемите кои настанаа како резултат на пандемијата со која се соочува нашата држава, како и на спроведување на сите заштитни мерки и препораки во рамките на Друштвото заради заштита на нашите вработени и нивните семејства.

facebook
Twitter
Follow

Галерија