ГРАНИТ НУДИ СТАНОВИ ЗА ПРОДАЖБА ВО НАСЕЛБА МАЏАРИ

Станбено – деловниот објект на Гранит е сместен во подрачјето на населба Маџари, општина Гази Баба.
Локацијата е на само 20 минути оддалеченост од центарот на Скопје, а 12 минути од Меѓународниот аеродром и на помалку од минута оддалеченост од влезот на регионалниот пат Скопје – Куманово.
Објектот е проектиран и изграден согласно најновите стандарди за квалитет и материјали кои обезбедуваат енергетска ефикасност, притоа овозможувајќи пријатно и комфорно живеење.

Објектот е наменет за колективно домување, додека на приземјето се наоѓаат деловните простории. Располага со подрум во кој се сместени гаражите, приземје, шест ката и поткровје.
Објектот се состои од 2 ламели, од кои во првата има 63, а во втората 76 стана со различни квадратури (од 55 до 95 m2) и типови, нудејќи дом за сечии потреби, со една, две или три спални.
Сите станови располагаат со тераса. Зградите се вертикално поврзани со скалила и лифтови, по два лифта во секоја од ламелите.

Во дворот на зградите е предвидено и детско игралиште опремено со модерна и безбеднаопрема, каде децата ќе можат да го поминуваат слободното време и најважно да се
забавуваат.

Преградните ѕидови помеѓу становите и кон ходниците се изградени од блок цигла, а меѓу нив има изолација од тервол 10 см, додека преградните ѕидови помеѓу собите се изградени од блок цигла.
Становите имаат големи и комфорни дневни соби со отворен концепт, а располагаат со една, две или три спални соби, зависно од типот на станот. Дневните соби изобилуваат со сончева светлина и излегуваат на пространи тераси.
Фасадата е изведена како „контактна“ термоизолациона фасадна облога.

Повеќе информации за становите се достапни во Каталогот (PDF)

ГД Гранит АД Скопје оствари соработка и со НЛБ Тутунска Банка и Халк Банка кои за купувачите на станбен простор од ГД Гранит АД Скопје нудат повластени услови и каматни стапки.
Повеќе информации за станбените кредити се достапни на следниве линкови:

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Халк Банк АД Скопје

Контакт телефон за подетални информации: +389 2 3218 700

facebook
Twitter
Follow

Галерија