ЛАБОРАТОРИЈА

ЛАБОРАТОРИЈА

Лабораторијата е специјализирана единица и организирана како независен дел од структурата на ГРАНИТ од 1963 година. Врз основа на своите должности и делегации, Лабораторијата со сопствена калибрирана лабораториска опрема и компетентен и квалификуван персонал ги презема сите потребни активности со цел следење на квалитетната работа на ГРАНИТ. Има широко искуство за работа со различни стандарди за квалитет според барањата во Техничката спецификација од Договорната документација, што варира од националните стандарди од земја до земја. Лабораторијата на Гранит е организирана со пет одделенија: Геотехничко одделение, Одделение за бетон, Одделение за асфалт, Оддел за истражување и развој и Хемиско одделелние. Со својот високопрофесионален ангажман на своите лабораториски инженери и техничари, оваа единица е вклучена во сите потребни истражни работи, лабораториски испитувања, евалуација на лабораториските резултати и подготвување детални извештаи со цел да се провери и докаже (QC/QA) квалитетот на земјените, бетонските, асфалтните работи за сите градежни работи што Гранит ги изведува во Македонија и странство. Кадарот на Лабораторијата е искусен да врши тестови за контрола на квалитетот во согласност со различни стандарди како што се BS, AASHTO, EN, MKS и од јуни 2004 година ги имплементираше и стандардите ISO 9001:2008, ISO 14001 и OHSAS 18001.

Галерија

ГРАНИТ ПРОИЗВОДСТВО

НАШАТА СТРАТЕГИЈА Е ДА СЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ НЕЗАВИСЕН И САМОДОВОЛЕН ЗА ПОВЕЌЕТО ОД НАШИТЕ ОСНОВНИ РЕСУРСИ. ОТТУКА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА РЕСУРСИ, КАКО КАМЕН, БЕТОН И АСФАЛТ Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ.

  • 9
    БЕТОНСКИ БАЗИ
  • 7
    АСФАЛТНИ БАЗИ
  • 7
    КАМЕНОЛОМИ
  • 11
    ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ