18-ТИ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Во периодот од 2 – 5 октомври 2019 година, во Охрид се одржа 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, на којшто присуствуваа голем број градежни конструктори, стручњаци од областа на градежниот сектор, претставници на институциите и бизнис-заедницата. 

На Симпозиумот беа презентирани над 170 научни и стручни трудови од учесници од 18 земји кои обработуваа прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен фокус на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.

Во рамки на настанот, Друштвото на градежни конструктори додели Признанија за најдобро конструкторско остварување за 2017 и 2018 година во областа на проектирањето и градењето. Учесник во стручниот тим и еден од добитниците на Признание за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата Изведба на конструкции за 2017 година – Изведба на кровот и фасадите на објектот Македонска филхармонија во Скопје е и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите.

На настанот беа присутни претставници на голем број реномирани компании –  членки на Стопанската комора на Македонија од областа на градежништвото и индустријата на градежни материјали, кои воедно се и партнери и поддржувачи на настанот.

м-р Нена Николовска

Извор: https://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=3&evid=36959&lng=1

facebook
Twitter
Follow

Галерија