Нашите луѓе

 

 

 

Нашите луѓе

 

Свесни сме за важноста на работната сила на Гранит за достигнувањата на компанијата во текот на годините, затоа се стремиме постојано да инвестираме во развојот на кариерата што одговара на потенцијалот на вработениот, како и да обезбедиме фер третман, базиран на грижа и почитување.

Бидејќи континуираниот развој и учење го ставаме како основа за успех, горди сме што нашите луѓе се сметаат за најдобри во градежната индустрија.

Нашето работно место е работно место без ризик и нуди сигурност на работното место, слобода, можности за развој бидејќи сме посветени на искрена и отворена соработка со синдикатите и однос кој се темели на почит кон нашите вработени.

Принципите што ги вградуваме во нашите работни места се Универзалната декларација за човекови права на ОН и Декларацијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за основните принципи и права на работа.

Ја сметаме расата, националноста, религијата, полот, возраста, сексуалната ориентација, попреченоста, политичкото или друго мислење или која било друга разноликост за наша предност во мултикултурниот свет, високо ја цениме различноста и ги третираме вработените и соработниците еднакво и правично.

Нашите луѓе се вработуваат, унапредуваат и се нудат можности за развој врз основа на нивните севкупни квалификации, перформанси и самоподобрување во рамките на нивните специфични работни места.