Договор за изградба на магистрален гасовод Делница Неготино (Кавадарци) – Битола

 

Известуваме дека ГД Гранит АД , како лидер на групата на понудувачи Гранит АД Скопје и Рапид Билд ДОО Куманово, потпиша договор со Акционерското друштво за вршење
на енергетски дејности Македонски Енергетски Ресурси Скопје во државна сопственост.

Предмет на договорот е Изградба на магистрален гасовод Делница Неготино ( Кавадарци ) – Битола.

Вредноста на договорот без пресметан ДДВ изнесува 2.239.000.000 денари, со рок на изведување 36 месеци.

Најголемиот настан во градежништвото и правото во Македонија

 
Еден од најдобрите адвокати  во светот, во областа на градежништвото, Mark Harris, markод адвокатското друштво на годината 2016 Pinsent Masons од Лондон,  на 19 октомври 2016 ќе дојде во Скопје.

Нема потреба од возбуда, тој нема никого да брани, ниту пак да застапува на суд, туку заедно со своите колеги адвокати Georgina Reynard и Charles Blamire-Brown ќе ја одржи првата обука за FIDIC договори во Македонија.

FIDIC е меѓународна Федерација на инженери консултанти, основана во Женева во 1913 година. Во моментов претставува 97 земји членки, 60.000 градежни компании и над 1.500.000 професиналци.

FIDIC е „одговорен“ за производство на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот.

Во овој момент во светот најмногу се користат FIDIC договорите од изданието во 1999 година. Сега, FIDIC подготвува нови измени на условите на самите договори. Учесниците на оваа обука ќе имаат екслузивно право да чујат и за некои од измените кои можно е да станат дел од новите изданија.

Една од главните цели на FIDIC е избор согласно квалитет, а не најниска цена. За таа цел FIDIC во 2011 година издаде Водич за избор врз основа на квалитет, како и Водич на процедури за набавка.

Pinset Masons се членка на FIDIC и официјални советници на Европската интернационална асоцијација на изведувачи. За ова интернационално адвокатско друштво работат над 200 адвокати на три континенти, во различни јурисдикции и правни системи.

Mark Harris е еден од најдобрите адвокати во областа на градежништвото и инфраструктурни проекти од листата на најдобри 500 адвокати во Англија. Има над 25 години искуство во советување на инвеститори, изведувачи и консултанти во процедурите за јавни набавки и изградба на инфраструктурни проекти во Европа, Среден Исток, Африка, Америка, Азија и Австралија. Познат е како експерт за менаџирање и решавање на комплексни спорови. Има искуство во комисии за решавање на спорови и меѓународни арбитражи како Интернационалната Стопанска Комора во Париз – ICC, Судот за интернационални арбитражи во Лондон – LCIA и UNCITRAL.

Оваа обука ја организира Градежното Друштво Гранит АД Скопје на 20 октомври 2016 во М6 Едукативниот Центар.

Oва ќе биде воведна обука и е идеална за секој кој е инволвиран на било каков начин во градежни проекти кои се изведуваат во Македонија, во регионот и во интернацинални рамки. Исто така, во рамки на обуката ќе се одржи и работилница на која преку реални примери ќе се работи на она што претходно теоретски ќе биде кажано.

Големите инфраструктурни проекти можат да завршат со спорови и често нивното решавање е поврзано со долги и скапи судски и арбитражни постапки од чиј исход, заедничко за сите учесници е дека губат многу време и пари.

Во денешно вереме, меѓу големите градежни компании, широко е прифатен принципот на избегнување на спорови наместо решавање на спорови”, колку што е можно повеќе.

Избегнување на спорови, значи и ангажирање на професионалци за администрација и менаџирање како на тендерската постапка, така и на договорите во текот на изградбата на големите проекти, а не ангажирање на професионалци по ескалација на спорот.

Еден од најинтересните случаи на професионална администрација на FIDIC договор е случајот на еден од најголемите градежни зафати на планетава, Проширување на Панамскиот канал. Време на изградба 11 години. Вградени 4.4 милиони кубици бетон. Цена за изградба тогашни 5.25 милијарди $.

За овој проект користен е FIDIC договор (популарно наречена жолта книга), според чии услови, покрај изградбата, Изведувачот е одговорен и за изработка на Проектот за изградба, врз основа на претходно доставени барања зададени од страна на Инвеститорот, уште во тендерската постапка.

Проширувањето на Панамскиот канал е 80 км, на кој во моментов се одвива 5% од светската трговија. Изградбата на проширувањето на овој канал овозможи двојно зголемување на капацитетот на каналот со што сега поголеми бродови може да го користат.

Во тендерската постапка се натпреваруваа три конзорциуми. Критериумот за избор на најповолен понудувач беше 55% исполнување на технички услови, а 45% цена. Работата ја доби конзорциум предводен од изведувач од Шпанија.

На почетокот на 2014 година, во текот на изградбата,  настана спор во врска со неочекувани трошоци во износ од тогашни 1.5 милијарди американски долари. Изведувачот тврдеше дека Инвеститорот не направил доволно геолошки истражувања на земјиштето под кое треба да се изгради проширувањето на каналот, што сега предизвикува поголеми трошоци за изградба на каналот од цената на изградба.

Инвеститорот, тврдеше дека Изведувачот не успеал да достави доволно докази, со кои ќе го докаже неговото побарување за надомест на дополнителните трошоци од тогашни 1.6 милијарди американски долари, но во исто време Инвеститорот изјавува дека ќе ги разгледа оштетните побарувања на Изведувачот, бидејќи Изведувачот своите оштетни побарувања ги доставил и презентирал во согласност со механизмите и условите на договорот. Во тоа време, Инвеститорот веќе му имаше исплатено на Изведувачот дополнителни тогашни 160 милиони американски долари како дополнителни трошоци заради експанзија на цените на железото, арматурата, дизелот, цементот и работната сила.

Слични примери може да се најдат и во градежни проекти кои ја изменија и сеуште ја менуваат технологијата:

Браната Три Клисури, Народна Република Кина. Време на изградба 17 години. Цена тогашни 22 милијарди $. Моментално најголемата брана во светот.

Мармара тунелот во Турција, должина 47 милји под морето. Ги поврзува Европа и Азија. Време на изградба 9 години. Цена тогашни 4.5 милијарди $.

Новиот трговски центар во New York. Време на изградба 7 години. Проценета цена 3.8 милијарди $. Кога ќе се изгради ќе биде највисоката зграда на западната хемисфера.

Заедничко за овие големи градежни проекти кои се финансирани од големите инвестициони банки е што користат стандардни типови на договори.

Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците.

Една од специфичностите на Општите услови на овие договори е тоа што постои рамноправност помеѓу учесниците. Доколку во текот на реализацијата на договорот дојде до дисбаланс на веќе прифатениот ризик пред започнување на изградбата, постојат механизми во договорот кои ќе ги нивелираат ризиците.

Општите услови на FIDIC договорите се прифатени и хармонизирани од Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската Инвестициона банка.

Добро е што во Македонија, најголемата градежна компанија, која има повеќегодишно искуство во изградба на големи и значајни градежни и инфраструктурни објекти во земјата и странство во согласност со условите на FIDIC договорите за изградба, ја организира оваа обука со цел да го сподели своето знаење и искуство.

 

denis

Денис Ризаов
Авторот е дипломиран правник
Менаџер за FIDIC договори и оштетни побарувања во Гранит

shareholders meeting 2016

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2016

 

ГД Гранит АД Скопје, ги известува акционерите дека овогодишното Собрание на акционери за 2016 година ќе се одржи на 14.06.2016 година во 12,00 часот, во Хотел Гранит во населба Козле.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2016 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2015 година
– Биланс на состојба (преземи PDF) и Биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка (преземи PDF),

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2015 година
– Консолидиран Биланс на состојба (преземи PDF); Консолидиран на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2015 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2015 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLS); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLS)
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2015 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2015 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2015 година (преземи PDF)

5. Извештај од извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2015 година, поединечна (преземи PDF) и консолидирана (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2015 година (преземи PDF)

6. Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2015 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2015 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија
(преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија (преземи PDF)

8.Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје 
(преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда 
(преземи PDF)

11.Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2016 година
(преземи PDF)

12. Предлог одлука за измена на Статуот на ГД Гранит АД Скопје
(преземи PDF)

13. Предлог Одлука за избор на нов независен член на Надзорен одбор на ГД Гранит АД Скопје
(преземи PDF)
– Предлог за избор на независен член на Надзорен Одбор (преземи PDF)
– CV од предложениот независен член на Надзорниот Одбор на Гранит АД Скопје (преземи PDF)

Инструкции за учество на Собранието:
Овластување полномошници (преземи PDF), полномошно за правни лица со инструкции (преземи PDF), полномошно за правни лица (преземи PDF), полномошно за физички лица (преземи PDF).
Писмо за известување за физички лица (преземи PDF) писмо за известување за правни лица (преземи PDF)
Пријава (преземи PDF)
Поставување на прашања (преземи PDF)
Нови точки (преземи PDF)

Нови договори во април 2016

Ве известуваме дека  ГД Гранит АД  потпиша нови договори.

1. Инвеститор : Јавно претпријатие за државни патишта
Предмет на договорот : Подобрување на свлечишта 2, ЛОТ 2 : Лакавица – Неготино км 7+200;
Делчево – Берово км 2 + 700 – 2+900 ; Битола – Новаци км 1+900
Вредност на договорот : 72.733.356 ден
Рок на изведување : 12 месеци

2. Инвеститор : UNDP Програма за развој на Обединетите Нации
Предмет на договорот : Рехабилитација и стабилизација на свлечиште на регионален пат
делница Крупиште – Пробиштип
Вредност на договорот : 14.549.803 ден
Рок на изведување : 8 месеци

Нови договори во Македонија за 2015

1. Инвеститор: Министерство за финансии
Предмет на договорот: Реконструкција и надградба на делница на автопат Смоквица – Гевгелија како дел од Коридор 10
Вредност на договорот: 255.464.850 денари
Рок на изведување: 12 месеци

Прочитај “Нови договори во Македонија за 2015”

Одлуки од состанокот на акционерите оддржан на 22.05.2015

Одлуки од општиот состанок на акционерите оддржан на 22.05.2015

На 22.05.2015 Акционерите на ГД Гранит АД Скопје оддржаа состанок каде беа донесени следните одлуки:

Прочитај “Одлуки од состанокот на акционерите оддржан на 22.05.2015”

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КЛУЧКА ГОРНО КОЈНАРЕ НА ДРЖАВЕН ПАТ А1

 

Јавното претпријатие за државни патишта го ангажираше ГРАНИТ да изведе функционална дополна за сообраќајно поврзување со рехабилитација на клучка Горно Којнаре на државен пат А1.

Дел од работите вклучуваше изградба на потпорен ѕид за насип на клучка Горно Којнаре.

Гранит ја завршува конструкцијата на Македонска филхармонија

Гранит ќе ја заврши конструкцијата на објектот „Македонска Филхармонија“, од проектот Скопје 2014 за 5,6 милиони евра.

Договорот беше издаден од Министерството за Култура и доделен на градежната компанија Гранит во средината на февруари.

Прочитај “Гранит ја завршува конструкцијата на Македонска филхармонија”