ГД Гранит АД Скопје издава деловен простор во Козле, на ул. Брадфордска.
Деловниот простор е со површина од 521 м2.
Цена: по договор.
Информации на телефон: 070/406-479
ГД Гранит АД Скопје издава деловен простор во Козле, на ул. Брадфордска.
Деловниот простор е со површина од 521 м2.
Цена: по договор.
Информации на телефон: 070/406-479
ГД Гранит АД Скопје продава деловен простор во Ресен, на ул. Ленинова, на влез од градот.
Деловниот простор е со површина од 89 м2.
Цена: по договор.
Информации на телефон: 070/406-479
ГД Гранит АД Скопје издава деловен простор во строг центар на Битола, на ул. 29 Ноември, во непосредна близина на Широк Сокак.
Деловниот простор е со површина од 231 м2 и располага со 8 канцеларии, 1 кујна со трпезарија и 2 тоалети.
Цена: по договор.
Информации на телефон: 070/406-479
Со особено задоволство ги покануваме сите професионалци од полето на набавките да се пријават и да го следат краткиот webinar, со наслов „Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата“.
Истиот ќе се одржи на 13.02.2024 со почеток во 12:00 часот, а еден од говорниците ќе биде и Денис Ризаов, правник во ГД Гранит АД Скопје.
Вебинарот ќе се осврне на следниве прашања:
-Кои се најновите случувања во индустријата?
-Прашања околу цените, одржливоста, квалитетот и квалификациите
-Како консултантите ја „бранат“ својата позиција на променливиот пазар?
-Различните пристапи низ светот – кои се клучните трендови?
-Улога на клучните финансиери и клиенти
-Правни рамки
-Улогата на FIDIC договорите врз добрите набавки
Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк: https://events.fidic.org/webinarseries2024/session/1922202/where-is-procurement-going-future-trends-and-challenges-for-the-industry
На 20 Меѓународен Симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје беше добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.
Признанието беше доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.
Ова и сите останати признанија и награди се потврда за вложувањето во човечките ресурси на Друштвото, во насока на наградба на знаењето на нашите кадри, пристапот до нови технологии за градба, поседување на најсовремена опрема за изведба на објектите, високото ниво на тимска работа, како и мотив и понатаму да продолжиме да поставуваме стандарди во градежната индустрија.
На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.
На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.
Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.
На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.
Во 2018 година ГД Гранит АД Скопје потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на Експресниот пат А2 Секција Страцин (Чатал) – Крива Паланка, каде ГД Гранит АД Скопје ја изведува подсекцијата Крива Паланка – Длабочица во вкупна должина од 9 km.
Експресниот пат А2 Ранковце – Крива Паланка дел од Коридор 8 – Исток е еден од најважните интернационални коридори во Македонија и истиот ќе обезбеди модерна инфраструктурно поврзување на Македонија со Бугарија.
Проектот претставува дел од ново булеварско решение на ул. Љубљанска. Градежните работи активно се отпочнати со работа во текот на 2022 година. Мостот е од таканаречен тип “extradosed bridge” што претставува комбинација од мост со кутијасти носачи со надворешна кабловска конструкција. Како таков, овој мост ќе биде прв од ваков вид во Македонија и ќе биде најпретставителен објект долж новопланираниот булевар Љубљанска со кој ќе се спојуваат населбата Карпош со населбите Бардовци и Злокуќани.
Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивидендата за 2022 година, потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава. ( преземи изјава )
Акционерите кои добиле дивиденда за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.
Податоците да се достават на следнава адреса:
ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или на e-mail violeta.petrusevska@granit.mk со назнака за дивиденда 2022 година
Сите потребни информации можат да се добијат на тел. 02/ 3 218 713
ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 30.05.2023 година ги донесе следните Одлуки:
1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година
(преземи PDF)
2. Одлука по консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)
3. Одлука за финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)
4. Одлука за Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)
5. Одлука за усвојување на Извештаите од надворешните Ревизори за 2022 година (преземи PDF)
6. Одлука за Извештај од Надзорниот одбор за 2022 година на ГД Гранит АД Скопје ( преземи PDF)
7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2022 година (преземи PDF)
8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2022 година (преземи PDF)
9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)
10. Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар за 2022 година (преземи PDF)
11. Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2023 година (преземи PDF)