shareholder-data

Известување за акционерите на ГД Гранит

 

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивиденда за 2016 год потребно е да достават копија од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава.

Акционерите кои добиле дивиденда за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.

Податоците да се достават на адреса : ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје – со назнака за дивиденда 2016 година.

Сите потребни информации можат да се добијат на тел 3 218 713

Скопје, 06.07.2017 год ГД Гранит АД

ГД Гранит – Одлуки од Собрание на акционери 2017

 

ГД Гранит АД Скопје, на овогодишното Собрание на акционери кое се одржна на 16.06.2017 година ги донесе следните одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2016 година (Преземи PDF),

2. Одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2016 година (преземи PDF)

3. Одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2016 година (преземи PDF)

4. Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2016 година (преземи PDF)

5. Одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2016 година (преземи PDF)

6. Одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2016 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија за 2016 година (преземи PDF)

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото за 2016 година (преземи PDF)

9. Одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2016 година (преземи PDF)

10. Одлука за исплата на дивиденда за 2016 година (преземи PDF)

11.Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2017 година (преземи PDF)

12. Одлука за измена на Статуот на ГД Гранит АД Скопје (преземи PDF)

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2017

 

ГД Гранит АД Скопје, ги известува акционерите дека овогодишното Собрание на акционери за 2017 година ќе се одржи на 16.06.2017година во 12,00 часот, во Хотел Гранит во населба Козле.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2017година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2016 година
– Биланс на состојба (преземи PDF) и Биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка (преземи PDF),

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 201година
– Консолидиран Биланс на состојба (преземи PDF); Консолидиран на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 201
6 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2016 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLS); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLS)
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 201
6 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2016 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 201
6 година (преземи PDF)

5. Извештај од извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2016 година, поединечна (преземи PDF) и консолидирана (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 201
6 година (преземи PDF)

6. Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2016 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 201
6 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија
(преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија (преземи PDF)

8.Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје 
(преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда 
(преземи PDF)

11.Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2016 година
(преземи PDF)

12. Предлог одлука за измена на Статуот на ГД Гранит АД Скопје 
(преземи PDF)

Инструкции за учество на Собранието:
Овластување полномошници (преземи PDF), полномошно за правни лица со инструкции (преземи PDF), полномошно за правни лица (преземи PDF), полномошно за физички лица (преземи PDF).
Писмо за известување за физички лица (преземи PDF) писмо за известување за правни лица (преземи PDF)
Пријава (преземи PDF)
Поставување на прашања (преземи PDF)
Нови точки (преземи PDF)

Саем за вработување и пракса

ГД Гранит АД, Скопје учестуваше на Саемот за вработување и пракса кој се одржа на Факултетот за електротехника и информатички технологии -ФЕИТ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од 12 до 14 април 2017 организиран од страна на организацијата Контакт.

Во рамките на саемот на 13.04.2017 се одржа презентација за ГД Гранит АД, Скопје на Градежен факултет и интервјуа со студентите со претставник од ГД Гранит АД, Скопје.
Од страна на студентите се покажа голем интерес за компанијата за извршување на практична обука, а и можности за вработување. Студентите беа запознаени со работата на компанијата – проектите, со инженерскиот кадар и на кои позиции има можност за вработување. Исто така им беше објаснет и процесот на аплицирање, а им беа доставени и контакти за заинтересираните студенти да поднесат CV за пракса и за вработување.

ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ СКОПСКИ ПОДРАЧЈА

На 07.08.2016 година Скопје го погоди силно невреме, со обилни врнежи од дожд, пришто најпогодени беа населбите Сингелиќ, Стајковци и Смилковци.

Во погодените подрајча беше причинета огромна материјална штета, беа срушени огромен број на куќи, патиштата беа поплавени, при што беше отежнат сообраќајот.

За таа цел, ГД Гранит АД Скопје, како општествено одговорна компанија, донираше 2.974.696,92 денари за ангажирање на градежна механизација, како и работна сила за чистење на поплавените подрачја, што беше примарна задача, со цел да се спречи ширењето на заразни болести, и рабници за заштита од свлечиштата на поплавените улици.

Договор за изработка на проект за санација, ревизија и изведба на санација со АД-Елем, РЕК Битола

 

Известуваме дека ГД Гранит АД потпиша договор со АД Елем – подружница РЕК Битола и ЈП
Стрежево, за Изработка на проект за санација, ревизија и изведба на санацијата за Сектор за инвестиции, развој и проектирање РЕК Битола.

Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 43.572.680 денари, со рок на изведување 1 месец.

Договор за изградба на магистрален гасовод Делница Неготино (Кавадарци) – Битола

 

Известуваме дека ГД Гранит АД , како лидер на групата на понудувачи Гранит АД Скопје и Рапид Билд ДОО Куманово, потпиша договор со Акционерското друштво за вршење
на енергетски дејности Македонски Енергетски Ресурси Скопје во државна сопственост.

Предмет на договорот е Изградба на магистрален гасовод Делница Неготино ( Кавадарци ) – Битола.

Вредноста на договорот без пресметан ДДВ изнесува 2.239.000.000 денари, со рок на изведување 36 месеци.

Најголемиот настан во градежништвото и правото во Македонија

 
Еден од најдобрите адвокати  во светот, во областа на градежништвото, Mark Harris, markод адвокатското друштво на годината 2016 Pinsent Masons од Лондон,  на 19 октомври 2016 ќе дојде во Скопје.

Нема потреба од возбуда, тој нема никого да брани, ниту пак да застапува на суд, туку заедно со своите колеги адвокати Georgina Reynard и Charles Blamire-Brown ќе ја одржи првата обука за FIDIC договори во Македонија.

FIDIC е меѓународна Федерација на инженери консултанти, основана во Женева во 1913 година. Во моментов претставува 97 земји членки, 60.000 градежни компании и над 1.500.000 професиналци.

FIDIC е „одговорен“ за производство на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот.

Во овој момент во светот најмногу се користат FIDIC договорите од изданието во 1999 година. Сега, FIDIC подготвува нови измени на условите на самите договори. Учесниците на оваа обука ќе имаат екслузивно право да чујат и за некои од измените кои можно е да станат дел од новите изданија.

Една од главните цели на FIDIC е избор согласно квалитет, а не најниска цена. За таа цел FIDIC во 2011 година издаде Водич за избор врз основа на квалитет, како и Водич на процедури за набавка.

Pinset Masons се членка на FIDIC и официјални советници на Европската интернационална асоцијација на изведувачи. За ова интернационално адвокатско друштво работат над 200 адвокати на три континенти, во различни јурисдикции и правни системи.

Mark Harris е еден од најдобрите адвокати во областа на градежништвото и инфраструктурни проекти од листата на најдобри 500 адвокати во Англија. Има над 25 години искуство во советување на инвеститори, изведувачи и консултанти во процедурите за јавни набавки и изградба на инфраструктурни проекти во Европа, Среден Исток, Африка, Америка, Азија и Австралија. Познат е како експерт за менаџирање и решавање на комплексни спорови. Има искуство во комисии за решавање на спорови и меѓународни арбитражи како Интернационалната Стопанска Комора во Париз – ICC, Судот за интернационални арбитражи во Лондон – LCIA и UNCITRAL.

Оваа обука ја организира Градежното Друштво Гранит АД Скопје на 20 октомври 2016 во М6 Едукативниот Центар.

Oва ќе биде воведна обука и е идеална за секој кој е инволвиран на било каков начин во градежни проекти кои се изведуваат во Македонија, во регионот и во интернацинални рамки. Исто така, во рамки на обуката ќе се одржи и работилница на која преку реални примери ќе се работи на она што претходно теоретски ќе биде кажано.

Големите инфраструктурни проекти можат да завршат со спорови и често нивното решавање е поврзано со долги и скапи судски и арбитражни постапки од чиј исход, заедничко за сите учесници е дека губат многу време и пари.

Во денешно вереме, меѓу големите градежни компании, широко е прифатен принципот на избегнување на спорови наместо решавање на спорови”, колку што е можно повеќе.

Избегнување на спорови, значи и ангажирање на професионалци за администрација и менаџирање како на тендерската постапка, така и на договорите во текот на изградбата на големите проекти, а не ангажирање на професионалци по ескалација на спорот.

Еден од најинтересните случаи на професионална администрација на FIDIC договор е случајот на еден од најголемите градежни зафати на планетава, Проширување на Панамскиот канал. Време на изградба 11 години. Вградени 4.4 милиони кубици бетон. Цена за изградба тогашни 5.25 милијарди $.

За овој проект користен е FIDIC договор (популарно наречена жолта книга), според чии услови, покрај изградбата, Изведувачот е одговорен и за изработка на Проектот за изградба, врз основа на претходно доставени барања зададени од страна на Инвеститорот, уште во тендерската постапка.

Проширувањето на Панамскиот канал е 80 км, на кој во моментов се одвива 5% од светската трговија. Изградбата на проширувањето на овој канал овозможи двојно зголемување на капацитетот на каналот со што сега поголеми бродови може да го користат.

Во тендерската постапка се натпреваруваа три конзорциуми. Критериумот за избор на најповолен понудувач беше 55% исполнување на технички услови, а 45% цена. Работата ја доби конзорциум предводен од изведувач од Шпанија.

На почетокот на 2014 година, во текот на изградбата,  настана спор во врска со неочекувани трошоци во износ од тогашни 1.5 милијарди американски долари. Изведувачот тврдеше дека Инвеститорот не направил доволно геолошки истражувања на земјиштето под кое треба да се изгради проширувањето на каналот, што сега предизвикува поголеми трошоци за изградба на каналот од цената на изградба.

Инвеститорот, тврдеше дека Изведувачот не успеал да достави доволно докази, со кои ќе го докаже неговото побарување за надомест на дополнителните трошоци од тогашни 1.6 милијарди американски долари, но во исто време Инвеститорот изјавува дека ќе ги разгледа оштетните побарувања на Изведувачот, бидејќи Изведувачот своите оштетни побарувања ги доставил и презентирал во согласност со механизмите и условите на договорот. Во тоа време, Инвеститорот веќе му имаше исплатено на Изведувачот дополнителни тогашни 160 милиони американски долари како дополнителни трошоци заради експанзија на цените на железото, арматурата, дизелот, цементот и работната сила.

Слични примери може да се најдат и во градежни проекти кои ја изменија и сеуште ја менуваат технологијата:

Браната Три Клисури, Народна Република Кина. Време на изградба 17 години. Цена тогашни 22 милијарди $. Моментално најголемата брана во светот.

Мармара тунелот во Турција, должина 47 милји под морето. Ги поврзува Европа и Азија. Време на изградба 9 години. Цена тогашни 4.5 милијарди $.

Новиот трговски центар во New York. Време на изградба 7 години. Проценета цена 3.8 милијарди $. Кога ќе се изгради ќе биде највисоката зграда на западната хемисфера.

Заедничко за овие големи градежни проекти кои се финансирани од големите инвестициони банки е што користат стандардни типови на договори.

Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците.

Една од специфичностите на Општите услови на овие договори е тоа што постои рамноправност помеѓу учесниците. Доколку во текот на реализацијата на договорот дојде до дисбаланс на веќе прифатениот ризик пред започнување на изградбата, постојат механизми во договорот кои ќе ги нивелираат ризиците.

Општите услови на FIDIC договорите се прифатени и хармонизирани од Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската Инвестициона банка.

Добро е што во Македонија, најголемата градежна компанија, која има повеќегодишно искуство во изградба на големи и значајни градежни и инфраструктурни објекти во земјата и странство во согласност со условите на FIDIC договорите за изградба, ја организира оваа обука со цел да го сподели своето знаење и искуство.

 

denis

Денис Ризаов
Авторот е дипломиран правник
Менаџер за FIDIC договори и оштетни побарувања во Гранит

Потпишан нов договор

 

ГД Гранит АД Скопје потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта. Предмет на договорот е Санација и рехабилитација на државен пат А1, делница Неготино – Демир Капија.

Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 305.620.000 денари, со рок на изведување 42 месеци.

Прва обука во Македонија за користење на FIDIC договори

Градежната компанија Гранит на 20 октомври 2016 во М6 Едукативниот центар ја организира првата обука во Македонија за користење на FIDIC договори. За мотивите за организирање на овој настан и важноста на истиот говори Денис Ризаов, менаџер за FIDIC договори и оштетни побарувања во Гранит. Целото интервју може да го прочитате тука.