ИЗВЕДБА НА АВТОПАТОТ БАЊА ЛУКА – ДОБОЈ, СЕКЦИЈА БАЊА ЛУКА – ПРЊАВОР

Автопатот Бања Лука – Добој е дел од идниот североисточен пан – Европски Коридор V-ц, и се наоѓа во Република Српска.

Автопатот ќе има 4 нови ленти (две дупли ленти) со должина од 35,3 км (од кои 14,12 км беа доделени на Гранит АД Скопје)

Од запад кон исток помеѓу Бања Лука и Прњавор е источниот дел на планираниот автопат со должина од 71,91 км кој ги поврзува Бања Лука и новиот Коридор V-ц близу Добој.
Во една насока просечната широчина е 10,7 метри која се содржи од две ленти кои имаат 3,75 метри широчина и една линија за запирање и има испрекинати ознаки.

Проектот ќе овозможи објекти за оддржување на автопатот, седишта за оддржување, сензори за набљудување на сообраќајот, комуникациска опрема, ознаки и патролни возила.
Во склоп на проектот планирани се објекти за корисниците, како резорти, бензиски станици и паркинзи како и патарини.

Автопатот е лоциран помеѓу реката Врбас и од хидрогенски аспект е тесно поврзан со помали реки како Гумјера, Црквена Река, Лишња, Илова, Осиња. Автопатот поминува помеѓу општините Лакташи и Прњавор.

САНАЦИЈА НА СВЛЕЧИШТЕ МАГАРЕВО – ПЕЛИСТЕР

 

Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија го додели овој проект на ГРАНИТ во 2013 година.

Целта на работите беше стабилизација на пролизганото земјиште, како и реконструкција на изградба на патишта и регулирање на атмосферските води.

Во овој проект беа вклучени вкупно 14 стручни лица и крајот на изведбата беше за три месеци.

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА АВТОПАТ ВЕЛЕС – КАТЛАНОВО

При извшување на работата за рехабилитација на државниот автопат Велес – Катланово беа извршени следните работи:

  • Стружење на 5цм на постојните ленти
  • Потполнување на дупките
  • Вградување бетонски рабови 18/24 како и планови за израмнување
  • Вградување асфалт на левата (брза) лента