Гранит ја завршува конструкцијата на Македонска филхармонија

Гранит ќе ја заврши конструкцијата на објектот „Македонска Филхармонија“, од проектот Скопје 2014 за 5,6 милиони евра.

Договорот беше издаден од Министерството за Култура и доделен на градежната компанија Гранит во средината на февруари.

Овој објект досега беше граден од Австриската градежна компанија „Alpine Bau“ и министерството побара нов изведувач.

Оваа конструкција на објектот беше почната во Март 2009 и се очекува да се комплетира до крајот на годината, кога ќе ја слави 70 годишнината на формирањето на Македонската Филхармонија.

facebook
Twitter
Follow

Галерија