Награда за градежништво ПОРТА 3 2020

Комисијата на Порта 3, составена од 5 членови, за доделувањето на наградата за градежништво ПОРТА 3 2020, одлучуваше во состав од 5 стручни членови, а врз основа на креативниот и стручен пристап на градежништвото, земајќи ги во предвид квалитетните објекти, функционалните решенија кои соодветно се вклопуваат во околината, следењето на достигнувањата во дизајнот и технологијата.

ГД Гранит АД Скопје е компанија која континуирно вложува во професионалниот развој на своите вработени и ги подржува во кариерниот напредок, па со особена чест и гордост ја примивме веста дека Наградата за градежништво ПОРТА 3 2020 година, беше доделена на нашиот вработен Виктор Митевски, помошник директор на Секторот за оператива на Друштвото.

Виктор Митевски (1983) со години наназад работи како инженер во ГД Гранит АД Скопје, а од минатата година е и помошник директор на Секторот за оператива. Во својата професионална кариера работел на проектирање и изведба на објекти и автопатишта, како во земјата, така и во странство.

Својата професионална кариера ја започнува како инженер на објекти, а потоа и раководител на градба на објекти.

Позначајни објекти на кои работел како инженер се: Државен архив, Уставен Суд на Република Македонија и Археолошки музеј во Скопје, како раководител работел на објектите Агенција за електронски комуникации и Јавна администрација и Факултет за Драмски уметности, Скопје.

Работи и на проектирање и изведба на автопатишта. Бил раководител на делница Бжеско – Вјешхославице на автопатот А4, Краков – Лвов, Полска, раководител на бетонски работи и објекти на автопат Бања Лука – Добој, делница Прњавор – Добој и технички директор на делницата Бања Лука – Прњавор.

Во моментов е директор на проектот, автопат Блаце – I Делница.

facebook
Twitter
Follow

Галерија