ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ СКОПСКИ ПОДРАЧЈА

На 07.08.2016 година Скопје го погоди силно невреме, со обилни врнежи од дожд, пришто најпогодени беа населбите Сингелиќ, Стајковци и Смилковци.

Во погодените подрајча беше причинета огромна материјална штета, беа срушени огромен број на куќи, патиштата беа поплавени, при што беше отежнат сообраќајот.

За таа цел, ГД Гранит АД Скопје, како општествено одговорна компанија, донираше 2.974.696,92 денари за ангажирање на градежна механизација, како и работна сила за чистење на поплавените подрачја, што беше примарна задача, со цел да се спречи ширењето на заразни болести, и рабници за заштита од свлечиштата на поплавените улици.