Гранит е една од најуспешните компании за изградбата и реконструкцијата на аеродроми на Балканот.
Гранит успеа да го пренесе искуството собрано со изградбата на аеродроми во Ирак, Босна и Херцеговина, Кувајт, Алжир и двата главни аеродроми во земјата – во Скопје и Охрид.
Покрај успешното искуство во изградбата на аеродроми компанијата беше вклучена во реконструкцијата на пистите, патеките за авионите, како и постојките за авионите во аеродромите во Скопје и Охрид.
Денес Гранит игра клучна улога во процесот на реконструкција на аеродромот во Приштина со продолжување на главната писта, градење модерни патеки и постојки за авионите.