Иако Гранит специјализира во изведбата на патишта, можеме гордо да кажеме дека нашата компанија е лидерска компанија во земјава за изградба на станбени и комерцијални објекти.
Во последните 20 години, Гранит има изградено 84 државни и приватни училишта, 307 индустриски објекти и 653 комерцијални објекти.
Конструкцијата на проекти како Новата Американска Амбасада во Македонија, Државниот Архив, Уставниот Суд и Археолошкиот музеј на Македонија, како и проектот за изградба на 145 спортски сали во основни и средни училишта, се исто така дел од портфолиото на Гранит.