Изведба на патишта

road_construciont

Изведба на патишта

granit

Изведбата на патишта е јадрото на бизнисот за Гранит

Со повеќе од 64 години активна работа, Гранит конструираше повеќе од 820км автопати, 6.064км патишта, ископување и пополнување на стотици милиони кубни метри земја како и поставување неколку милиони тони асфалт.

Комбинирајќи ги најдобрите инженерски практики, методи, техники, дизајни и идеи од минатото и сегашноста се сето тоа што со сочинува Гранит. Денес, Гранит прерасна во компанија каде тимската работа и максималната вклученост со клиентите е силно поттикната, искористувајќи го целосниот потенцијал во сите активности.

Работата на патиштата кои Гранит ги гради или реконструира е со највисок квалитет и гарантирана издржливост.

Гранит беше активен на меѓународен план и изврши неколку проекти во Либија, Кувајт, Ирак, Русија, Украина, Германија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Моментално присутни сме во Украина, Хрватска, Албанија и Косово, извршувајќи работа на патишта, мостови и аеродроми.

Галерија