Лабораторијата е специјализирана единица и организирана како независен дел од структурата на ГРАНИТ од 1963 година. Врз основа на своите должности и делегации, Лабораторијата со сопствена калибрирана лабораториска опрема и компетентен и квалификуван персонал ги презема сите потребни активности со цел следење на квалитетната работа на ГРАНИТ. Има широко искуство за работа со различни стандарди за квалитет според барањата во Техничката спецификација од Договорната документација, што варира од националните стандарди од земја до земја. Лабораторијата на Гранит е организирана со пет одделенија: Геотехничко одделение, Одделение за бетон, Одделение за асфалт, Оддел за истражување и развој и Хемиско одделелние. Со својот високопрофесионален ангажман на своите лабораториски инженери и техничари, оваа единица е вклучена во сите потребни истражни работи, лабораториски испитувања, евалуација на лабораториските резултати и подготвување детални извештаи со цел да се провери и докаже (QC/QA) квалитетот на земјените, бетонските, асфалтните работи за сите градежни работи што Гранит ги изведува во Македонија и странство. Кадарот на Лабораторијата е искусен да врши тестови за контрола на квалитетот во согласност со различни стандарди како што се BS, AASHTO, EN, MKS и од јуни 2004 година ги имплементираше и стандардите ISO 9001:2008, ISO 14001 и OHSAS 18001.
Приватност
Оваа веб-страница користи колачиња (Cookies), со цел да ви овозможиме што е можно подобро корисничко искуство. Колачињата се складираат во Вашиот интернет пребарувач и тие Ве препознаваат секој пат, кога се враќате на нашата веб-страница. Со оваа функција нашиот тим може полесно да разбере, кој дел од нашата веб-страница Ви е најинтересен и најкорисен.