ГД Гранит а.д. Скопје, со гордост објавува дека делницата од Автопатот Бања Лука – Добој, Бања Лука – Прњавор беше пуштена во употреба во вторник, 02.10.2018г., надоврзувајќи се на делницата Прњавор – Добој којашто е во употреба од 11.09.2016г., со што во целост е завршена изградбата на делот од Автопатот 9ти Јануар којшто ги поврзува двата најголеми градови во Република Српска, и обединува повеќе од половината од локалното стопанство на оваа мала земја. Безмалку 2.5 милиони м3 насип, 1 милион м3 ископ, околу 60 илијади м3 бетон, 900 илијади м2 асфалт, се бројките со кои се мери успехот на најголемата македонска градежна компанија на овој проект. Во изминативе 4 години, колку што траеше изведбата на оваа делница од Автопатот, изградивме 1 вијадукт од 466м, 11 мостови, 2 подвозици и 7 надвозници, 9 км регулација на речно корито, стопиравме и саниравме 2 свлечишта, направивме потпорна конструкција од 400м, изградивме брз и сигурен автопат, со паметна сигнализација и управувачки центар, на рамниште на секој модерен автопат во западна Европа.
Автопат Бања Лука-Добој, Бања Лука-Прњавор
Име на договор | Договор на работодавач | Вредност на договор | Датум на завршување |
---|---|---|---|