Главните активности опфаќаат изградба на градби и инфраструктура и надвор од Македонските граници.
Гранит беше активен на меѓународен план и изврши многу проекти во Либија, Кувајт, Ирак, Русија, Украина, Германија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Гранит е моментално присутен во Украина, Хрватска, Албанија и Косово, извршувајќи работа на патишта, мостови и аеродроми.
Тоа што го сочинува ГРАНИТ е комбинација помеѓу најдобрите инженерски практики, методи, техники, дизајни и идеи од минатото и сегашноста. Денес, Гранит прерасна во компанија каде тимската работа и максималната вклученост со клиентите е силно поттикната, искористувајќи го целосниот потенцијал во сите активности.
ПРОЕКТИ НА ГРАНИТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ