Изградба на објекти

Изградба на објекти

Иако Гранит специјализира во изведбата на патишта, можеме гордо да кажеме дека нашата компанија е лидерска компанија во земјава за изградба на станбени и комерцијални објекти.

Во последните 20 години, Гранит има изградено 84 државни и приватни училишта, 307 индустриски објекти и 653 комерцијални објекти.

Конструкцијата на проекти како Новата Американска Амбасада во Македонија, Државниот Архив, Уставниот Суд и Археолошкиот музеј на Македонија, како и проектот за изградба на 145 спортски сали во основни и средни училишта, се исто така дел од портфолиото на Гранит.

Гранит има дизајнирано, развиено, изградено и учествувано во градбата на повеќе од 30.000 станбени објекти низ Македонија.

Во последните неколку години, компанијата се осврна кон преферираниот пазар за квалитетна градба на индивидуални објекти, наменети за инвеститори.

Освен тоа, Гранит има докажано дека може успешно да следи како и да поставува модерни трендови на архитектура и како резултат, изгради бројни бизнис објекти за различни активности. Истите вклучуваат административни градби, продавници, банки и болници.

Галерија

ГРАНИТ ПРОИЗВОДСТВО

НАШАТА СТРАТЕГИЈА Е ДА СЕ БИДЕ ЕКОНОМСКИ НЕЗАВИСЕН И САМОДОВОЛЕН ЗА ПОВЕЌЕТО ОД НАШИТЕ ОСНОВНИ РЕСУРСИ. ОТТУКА, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА РЕСУРСИ, КАКО КАМЕН, БЕТОН И АСФАЛТ Е ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ.

  • 9
    БЕТОНСКИ БАЗИ
  • 7
    АСФАЛТНИ БАЗИ
  • 7
    КАМЕНОЛОМИ
  • 11
    ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ