Објект – Изградба на мост на р. Вардар на ул. Љубљанска

Проектот претставува дел од ново булеварско решение на ул. Љубљанска. Градежните работи активно се отпочнати со работа во текот на 2022 година. Мостот е од таканаречен тип “extradosed bridge” што претставува комбинација од мост со кутијасти носачи со надворешна кабловска конструкција. Како таков, овој мост ќе биде прв од ваков вид во Македонија и ќе биде најпретставителен објект долж новопланираниот булевар Љубљанска со кој ќе се спојуваат населбата Карпош со населбите Бардовци и Злокуќани.

Изградба на Експресен пат А3 Штип – Кочани, делница Штип – Крупиште

На 06.09.2017 година ГД Гранит АД Скопје и ДГ Бетон АД како членки  на конзорциум со заеднички настап потпишаа  договор со Јавното претпријатие за државни патишта за Изградба на Експресниот Пат А3 Штип – Кочани, каде Гранит ја изведува секцијата на потег од Штип до Крупиште и чија финализација се очекува кон крајот на 2019, што ќе овозможи брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И НАДГРАДБА НА ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТ СМОКВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА КАКО ДЕЛ ОД КОРИДОР 10

Реконструкција и надградба на делница на автопат Смоквица – Гевгелија како дел од Коридор 10 по тендер добиен од Министерство за Финансии.

Вредност на договорот: 255.464.850 ден.

ИЗВЕДБА НА ГРАДЕЖНИ И ГРАДЕЖНО – ЗАНАЕТЧИСКИ РАБОТИ ЗА ИЗГРАДБА НА АНТЕНСКИ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ НА ТЕРИТОРИЈА НА РМ

 

Performance of building and construction – craft works for construction of the antenna system for controlling and monitoring of radio frequencies on the territory of Macedonia.

Value of Contract: 1.084.706.000  MKD

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КЛУЧКА ГОРНО КОЈНАРЕ НА ДРЖАВЕН ПАТ А1

 

Јавното претпријатие за државни патишта го ангажираше ГРАНИТ да изведе функционална дополна за сообраќајно поврзување со рехабилитација на клучка Горно Којнаре на државен пат А1.

Дел од работите вклучуваше изградба на потпорен ѕид за насип на клучка Горно Којнаре.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА БУЛ. ИЛИНДЕН, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА

 

Градот Скопје го ангажираше ГРАНИТ за да изведе реконструкција на една од најважните улици во главниот град.

Почетокот на работите започна во август 2012.

Крајот на изведбата беше во јули 2013

Main investor: City of Skopje

ИЗВЕДБА НА ЕКСПРЕСЕН АВТОПАТ МИЛАДИНОВЦИ – ШТИП

 

Лансирањето на двата најголеми инфраструктурни проекти на територијата на Република Македонија во јануари, ја зголеми мобилноста за успешно извршување на проекти на Компанијата, со отварањето на два нови регионални ентитети кои специјализираат во перформансот на проекти и регионалниот автопат Кичево – Охрид како и автопатот Св. Николе – Штип.

Во почетокот на летото на 2014, со вклучувањето во работата за двата инфраструктурни проекти, Гранит навремено пристапи кон подготовки на земјиштето за конструкцијата на проекти како и креирањето на нови работни места.

Нова и модерна машинерија беше набавена како и соодветен тренинг на работниците и персоналот, со цел за целосно вклучување на капацитетите на компанијата.

ИЗВЕДБА НА АВТОПАТОТ БАЊА ЛУКА – ДОБОЈ, СЕКЦИЈА БАЊА ЛУКА – ПРЊАВОР

Автопатот Бања Лука – Добој е дел од идниот североисточен пан – Европски Коридор V-ц, и се наоѓа во Република Српска.

Автопатот ќе има 4 нови ленти (две дупли ленти) со должина од 35,3 км (од кои 14,12 км беа доделени на Гранит АД Скопје)

Од запад кон исток помеѓу Бања Лука и Прњавор е источниот дел на планираниот автопат со должина од 71,91 км кој ги поврзува Бања Лука и новиот Коридор V-ц близу Добој.
Во една насока просечната широчина е 10,7 метри која се содржи од две ленти кои имаат 3,75 метри широчина и една линија за запирање и има испрекинати ознаки.

Проектот ќе овозможи објекти за оддржување на автопатот, седишта за оддржување, сензори за набљудување на сообраќајот, комуникациска опрема, ознаки и патролни возила.
Во склоп на проектот планирани се објекти за корисниците, како резорти, бензиски станици и паркинзи како и патарини.

Автопатот е лоциран помеѓу реката Врбас и од хидрогенски аспект е тесно поврзан со помали реки како Гумјера, Црквена Река, Лишња, Илова, Осиња. Автопатот поминува помеѓу општините Лакташи и Прњавор.

САНАЦИЈА НА СВЛЕЧИШТЕ МАГАРЕВО – ПЕЛИСТЕР

 

Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија го додели овој проект на ГРАНИТ во 2013 година.

Целта на работите беше стабилизација на пролизганото земјиште, како и реконструкција на изградба на патишта и регулирање на атмосферските води.

Во овој проект беа вклучени вкупно 14 стручни лица и крајот на изведбата беше за три месеци.