ГД Гранит АД Скопје добитник на наградата „Компанија со најдобра пракса за БЗР 2020“

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, ја врачи Националната награда „Компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020“ на ГД Гранит АД Скопје.

Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката ја истакна исклучителната важност на безбедноста и здравјето при работа, на креирањето и успешната имплементација на политики и системи на безбедност и здравје на работното место, јакнењето на културата на превенција, како теми и области кои се од особено значење и кои се несомнено мошне актуелни. Дотолку повеќе кога се наоѓаме во исклучително комплициран и сериозен период, кога целото човештво е погодено од пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Доделеното признание само ги потврди заложбите и претставува уште поголем поттик и одговорност за ГД Гранит АД Скопје да продолжи да работи на креирање на политики на безбедност, превенција на болестите и унапредување на континуираната грижа за здравјето и добробитта на нашите вработени.

Известување: Исплата на дивиденда за 2019 година

Почитувани Акционери,

Ве известуваме дека ГД Гранит АД Скопје на ден 25.09.2020 година започна со исплата на дивидендата за 2019 година за сите физички и правни лица кои имаат доставено податоци.

Исплатата ќе заврши на 28.09.2020 година.

Се повикуваат сите физички и правни лица кои немаат доставено податоци, тоа да го сторат во најкраток можен рок на следната e-mail адреса:

violeta.petrusevska@granit.com.mk


ГД Гранит АД Скопје

ГД Гранит – Одлуки од Собрание на акционери 2020

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 11.05.2020 година ги донесе следните Одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

2. Одлука за усвојување на консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

3. Одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

4. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2019 година (Преземи PDF),

5. Одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

6. Одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2019 година на ГД Гранит АД Скопје (Преземи PDF),

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2019 година (Преземи PDF),

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2019 година (Преземи PDF),

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (Преземи PDF),

10. Одлука за исплата на дивиденда за 2019 година (Преземи PDF),

11. Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2020 година (Преземи PDF)

12. Избор на членови на Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопјe (Преземи PDF)

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2020

Собранието ќе се одржи на ден 11.05.2020 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2020 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2019 година
– Биланс на состојба и Биланс на успех (преземи PDF
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка (преземи PDF),

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2019 година
– Консолидиран Биланс на состојба Консолидиран биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2019 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2019 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи PDF); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2019 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2019 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2019 година (преземи PDF)

5. Извештај од извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2019 година, поединечна (преземи PDF) и консолидирана (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршената ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2019 година (преземи PDF)

6. Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2019 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Извештај на Надзорниот одбор за Годишната сметка и финансиските извештаи за 2019 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија 
(преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија (преземи PDF)

8.Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2019 година 
(преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда  
(преземи PDF)

11. Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2020 година 
(преземи PDF)

12. Избор на членови на Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје;

Листа 1 (преземи PDF)

Предлог одлука за избор на членови од листа 1 (Преземи PDF)

Кратка биографија на предложените членови (преземи PDF)

Инструкции за учество на Собранието:

Образец за гласање по пат на кореспонденција за правни лица (преземи PDF), образец за гласање по пат на кореспонденција за физички лица (прземи PDF

Овластување полномошници (преземи PDF), полномошно за правни лица со инструкции (преземи PDF), полномошно за физички лица (преземи PDF).
Поставување на прашања (преземи PDF)
Нови точки (преземи PDF)

Известување за полномошници: Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва објавен во Сл. весник на РСМ бр.248/2018, ГД Гранит  АД Скопје ги известува сите ополномоштени лица кои се овластени од повеќе од еден акционер да учествуваат во работата на претстојното Собрание, за дадените полномошна да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РСМ најдоцна пет работни дена пред одржување на Собранието односно најдоцна до 05.05.2020 година. При известувањето, ополномоштените лица да го користат образецот за известување од полномошник на собрание на акционери, објавен на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и на страницата на ГД Гранит АД Скопје. (преземи PDF)

ГРАНИТ НЕМА ДА ОТПУШТИ НИТУ ЕДЕН РАБОТНИК

Почитувани вработени,
Иако се соочуваме со големи тешкотии за работа во услови на вонредна состојба и пандемија, Гранит како најголема и најстабилна градежна компанија во Македонија со над 1500 вработени, продолжува со изведување на градежните работи со лимитирани ресурси, скратено работно време и зголемени мерки и активности за заштита на вработените согласно препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија и Светската Здравствена Организација.

Во овие тешки моменти менаџментот на Гранит одлучи дека нема да отпушти ниту еден од своите вработени. Сите договори за вработување на нашите вработени кои истекуваат во овој период ќе бидат продолжени согласно законите на Република Северна Македонија.

Ви посакувам добро здравје на вас и на вашите најблиски.

Со почит,
Генерален Директор
Зоран Милковски

Превземи документ

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Во рамките на препораките на Владата на Р. Северна Македонија, ГД Гранит АД Скопје информира дека во периодот до 23-ти март Дирекцијата ќе биде затворена за прием на странки.

Службите работат непрекинато и за било која информација вработените можете да ги контактирате преку нивните е-маил адреси и/или телефонски.

Доставата на писмената документација ќе се врши електронски, а за неопходните итни достави во тврда копија ќе се користат поштенските услуги. За итни и неопходни состаноци, со нашите Инвеститори, Надзори и останати соработници, охрабруваме користење на интернет конфернции, со цел намалување на фрекфенцијата и контактите помеѓу сите нас во насока на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата на Р. Северна Македонија.

Заради заштита на здравјето на нашите вработени, а воедно и за вашето здравје, Ве молиме користете го тој начин на комуникација во поддршка на општествената одговорност на секој од нас.

Со надеж за брзо надминување на состојбите, Ви благодариме на разбирањето.

Изградба на Експресен пат, ЛОТ 2:Изградба на делница Крива Паланка-Длабочица

На 22.05.2018 година ГД Гранит АД Скопје и ДГ Бетон АД како членки  на конзорциум со заеднички настап потпишаа  договор со Јавното претпријатие за државни патишта за Изградба на делница Крива Паланка-Длабочица. Изградбата на првата делница  од Крива Паланка до Длабочица е еден од важните инфраструктурни проекти кои ќе овозможат модерно и современо инфраструктурно поврзување на Р. Македонија со Р. Бугарија.

Изградба на Експресен пат А3 Штип – Кочани, делница Штип – Крупиште

На 06.09.2017 година ГД Гранит АД Скопје и ДГ Бетон АД како членки  на конзорциум со заеднички настап потпишаа  договор со Јавното претпријатие за државни патишта за Изградба на Експресниот Пат А3 Штип – Кочани, каде Гранит ја изведува секцијата на потег од Штип до Крупиште и чија финализација се очекува кон крајот на 2019, што ќе овозможи брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани.

18-ТИ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Во периодот од 2 – 5 октомври 2019 година, во Охрид се одржа 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, на којшто присуствуваа голем број градежни конструктори, стручњаци од областа на градежниот сектор, претставници на институциите и бизнис-заедницата. 

На Симпозиумот беа презентирани над 170 научни и стручни трудови од учесници од 18 земји кои обработуваа прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен фокус на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.

Во рамки на настанот, Друштвото на градежни конструктори додели Признанија за најдобро конструкторско остварување за 2017 и 2018 година во областа на проектирањето и градењето. Учесник во стручниот тим и еден од добитниците на Признание за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата Изведба на конструкции за 2017 година – Изведба на кровот и фасадите на објектот Македонска филхармонија во Скопје е и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите.

На настанот беа присутни претставници на голем број реномирани компании –  членки на Стопанската комора на Македонија од областа на градежништвото и индустријата на градежни материјали, кои воедно се и партнери и поддржувачи на настанот.

м-р Нена Николовска

Извор: https://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=3&evid=36959&lng=1