Вработените на ГРАНИТ дел од Скопскиот маратон 2026

Вработени од ГРАНИТ годинава повторно беа дел од Скопскиот маратон, кој се одржа во Скопје и собра илјадници учесници од земјата и од странство.

Нашите колеги учествуваа во различни трки, претставувајќи ја компанијата преку спортскиот дух, личната посветеност и желбата за активен и здрав начин на живот. Настанот беше можност за дружење, тимска поддршка и заедничко споделување на едно позитивно искуство надвор од работната средина.

Им честитаме на сите наши учесници за успешно и достојно претставување на компанијата и им посакуваме уште многу спортски успеси во иднина.

Браво за тимот на ГРАНИТ!

facebook
Twitter
Follow

Галерија