Во годината кога СОС Детско Село Македонија одбележува 25 години посветена грижа и поддршка за децата и младите, ГД Гранит АД Скопје доби признание за својот придонес и долгогодишно партнерство со организацијата.
Како еден од најголемите корпоративни донатори на СОС Детско Село во изминатите години, Гранит континуирано ја поддржува нивната мисија преку донации, заеднички активности и иницијативи насочени кон подобрување на условите и можностите за децата и младите.
За нас, ова признание е потврда на вредностите што ги негуваме со децении – солидарност, одговорност и грижа за заедницата. Веруваме дека успехот на една компанија не се мери само со изградените објекти, туку и со позитивното влијание што го остава во заедницата.
Чест ни е што сме дел од приказната на СОС Детско Село Македонија и им посакуваме уште многу години исполнети со надеж, поддршка и детски насмевки.

