ГД Гранит АД Скопје има потреба од
Извршител во ИТ Сектор (1 извршител)
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки.
- Стекнати курсеви, официјални сертификати и претходно работно искуство во областа се сметаат за предност.
- Комуникациски вештини, тимска работа, ориентиран кон брзо и ефикасно решавање на проблеми.
- Иницијативност, посветеност, одговорност, чесност, доверливост и професионалност во работењето
- Одговорен и ефективен при исполнување на обврските во зададени рокови
- Одлично познавање на англиски јазик.
Активен возач: Б категорија.
Клучни одговорности и задачи:
- Локални и виртуелни машини, како и нивен Update.
- Елиминирање на постоечки грешки и неправилности во системот.
- Напредно познавање на: Windows 10 Pro ; MS Office ; Microsoft Office 365 & SharePoint & OneDrive.
- Тестирање и пуштање во работа на ИТ опрема.
- Инсталација и конфигурација на оперативни системи, драјвери и потребен клиентски софтвер.
- Надградба на антивирусни апликации и чистење на вируси.
- Поставување и поврзување на: routers, switchs, access point, PC, printers, etc.
Искуство во областа на администрација на :
- Computer Management, Perfomance & Resource Monitor, Check and Defragment Disk.
- O365 – SharePoint , OneDrive
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 1 година со можност за продолжување
- Стабилност и можност за личен развој
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Месечен надомест во висина од 30.000,00 денари до 50.000,00 денари, зависно од квалификациите и компетенциите на избраниот кандидат.
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за координација и работење со рокови
- Висока работна етика
- Доверливост
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08:00 до 16:00 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае до 08.01.2022 година.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Молбите за работа доставете ги во ГД Гранит АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.com.mk