На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.
На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.
Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.
На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.