Почитувани,
Во рамките на препораките на Владата на Р. Северна Македонија, ГД Гранит АД Скопје информира дека во периодот до 23-ти март Дирекцијата ќе биде затворена за прием на странки.
Службите работат непрекинато и за било која информација вработените можете да ги контактирате преку нивните е-маил адреси и/или телефонски.
Доставата на писмената документација ќе се врши електронски, а за неопходните итни достави во тврда копија ќе се користат поштенските услуги. За итни и неопходни состаноци, со нашите Инвеститори, Надзори и останати соработници, охрабруваме користење на интернет конфернции, со цел намалување на фрекфенцијата и контактите помеѓу сите нас во насока на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата на Р. Северна Македонија.
Заради заштита на здравјето на нашите вработени, а воедно и за вашето здравје, Ве молиме користете го тој начин на комуникација во поддршка на општествената одговорност на секој од нас.
Со надеж за брзо надминување на состојбите, Ви благодариме на разбирањето.