Лабораторијата на ГД Гранит АД Скопје се стекна со сертфикат ЛТ-103

 

ГД Гранит АД Скопје со задоволство информира дека Лабораторијата на Друштвото успешно го заврши процесот на Акредитација и се стекна со Сертификат ЛТ-103.

Им честитаме и благодариме на сите инеженери и техничари кои беа вклучени во процесот, тие се нашиот најзначаен капитал и гордост.

                                                                                                           

 

 

 

Известување за акционерите на ГД Гранит АД за исплата на дивидендата за 2023 година

 

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за  исплата на дивидендата за 2023 година, потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава. Изјавата може да ја превземете овде.

Акционерите кои добиле  дивиденда за претходните години,  доколку  податоците  им се важечки,  нема  потреба  истите  повторно  да  ги  доставуваат.

Податоците да се достават  на адреса :  ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или на e-mail  violeta.petrusevska@granit.mk  со назнака за дивиденда 2023 година

Сите потребни информации можат да се добијат на тел 3 218 713

 

Скопје,  12.06.2024  год                                                                                                               

 

 

 

ОДЛУКИ ДОНЕСЕНИ НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2024

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 23.05.2024 година ги донесе следните Одлуки::

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година
(преземи PDF

2. Одлука по консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

3. Одлука за финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

4. Одлука за Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2023 година (преземи PDF)

5. Одлука за усвојување на Извештаит на независниот ревизор за посебните и консолидираните финансиски извешати за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

6. Одлука за Годишниот Извештај работата на Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година ( преземи PDF)

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2023 година (преземи PDF)

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2023 година (преземи PDF)

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

10. Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар за 2023 година  (преземи PDF)

11. Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка, консолидираната годишна сметка, посебните финансиски извештаи и консолидираните финансиски извештаи на Друштвото за 2024 година (преземи PDF)

ЗАПИСНИК ОД ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 23.05.2024 (преземи PDF)

 

 

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2024

ГД Гранит АД Скопје, ги известува акционерите дека овогодишното Собрание на акционери ќе се одржи на 23.05.2024 година (четврток) во 11,00 часот, во Дирекцијата на ГД Гранит АД Скопје, на 3 кат сала за состаноци.

Јавен повик за Собрание на акционери на ГД Гранит АД Скопје за 2024 година. (преземи PDF)

Материјали по точките од дневниот ред:

1. Годишна сметка на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година
– Биланс на состојба и биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишната сметка за 2023 година (преземи PDF).

2. Годишна сметка консолидирана на ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година
– Консолидиран Биланс на состојба и Консолидиран биланс на успех (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на консолидираната Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

3. Финансиски извештаи за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година
– Неревидиран неконсолидиран извештај (преземи XLSX); Неревидиран консолидиран извештаj (преземи XLSX);
– Предлог одлука за усвојување на финансиските извештаи на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF)

4. Годишен извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ГД,,Гранит,,АД Скопје во 2023 година (преземи PDF) прашалници ККУ (преземи XLSX)

5. Извештај на независниот ревизор и посебни финансиски извештаи (преземи PDF) и Извештај од независниот ревизор и консолидирани финансиски извештаи (преземи PDF) за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година,

– Предлог одлука за усвојување на Извештаите од независниот ревизор за посебни и консолидирани финансиски извештаи за ГД,,Гранит,,АД Скопје за 2023 година (преземи PDF)

6. Годишен Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)
– Предлог одлука за Годишниот Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 година на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

7. Годишен извештај од службата за внатрешна ревизија за 2023 година (преземи PDF)
– Предлог одлука за усвојување на Годишниот извештај од службата за внатрешна ревизија за 2023 година (преземи PDF)

8. Предлог одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото (преземи PDF)

9. Предлог одлука за распределба на добивката на ГД,,Гранит,,АД Скопје (преземи PDF)

10. Предлог одлука за исплата на дивиденда (преземи PDF)

11. Предлог одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2024 година, консолидираната годишна сметка, посебните финансиски извештаи и консолидираните финансиски извештаи на Друштвото за 2024 година; (преземи PDF)


Инструкции за учество на Собранието:

Предлог за претседавач, записничари и заверувачи на записник (преземи PDF)

1. Гласање по пат на кореспонденција (преземи PDF)
– гласачко ливче за физички лица (преземи PDF)
– гласачко ливче за правни лица (преземи PDF)
– Изјава за лични податоци (преземи PDF)

2. Овластување полномошници (преземи PDF)
-полномошно за правни лица со инструкции (преземи PDF)
-полномошно за физички лица (преземи PDF)

3. Пријава за учество со физичко присуство

– писмо за известување за физички лица (преземи PDF)
– писмо за известување за правни лица (преземи PDF)

Поставување на прашања (преземи PDF)

Нови точки (преземи PDF)

 

Почитувани акционери,

До Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје како свикувач на Собранието на акционери, доставена е предлог одлука од акционери по точката 10 од Дневниот ред. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)

Управниот одбор по одржување на седница на 29.04.2024 изработи Образложение за предлог одлуката и нејзиното образложение, за увид на акционерите. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)

Друштвото ги повикува сите акционери да го остварат своето право на глас на било кој од начините утврден согласно Законот за трговски друштва.

За гласањето по пат на кореспонденција и по пат на полномошно извршени се дополнувања на обрасците согласно дополнителната предлог одлука за точката 10 од дневен ред како следи:

Гласачко ливче по пат на кореспонденција за физички лица со 2 предлог одлуки по точка 10 од дневен ред. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)
Гласачко ливче по пат на кореспонденција за правни лица со 2 предлог одлуки по точка 10 од дневен ред. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)
Полномошно за правни лица со 2 предлог одлуки по точка 10 од дневен ред. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)
Полномошно за физички лица со 2 предлог одлуки по точка 10 од дневен ред. (ПРЕЗЕМИ ПДФ)

Се повикуваат сите акционери кои веќе го дале својот глас по пат на кореспонденција заклучно со 29.04.2024 година, доколку сакаат повторно да гласаат по точката 10 од предложениот дневниот ред, истото да го сторат по пат на пополнување на дополнителното гласачко ливче за гласање по пат на кореспонденција за точка 10 објавено на официјалната интернет страна на Друштвото. Акционерите кои до денот пред одржување на Собранието на акционери нема да се јават за дополнително гласање по точка 10, гласањето по пат на кореспонција извршено до 29.04.2024 година се смета за валидно согласно изјаснувањето во самото гласачко ливче за гласање по пат на кореспонденција.

Дополнително гласачко ливче по пат на кореспонденција за физички лица кои заклучно до 29.04.2024 го оствариле своето право на глас (ПРЕЗЕМИ ПДФ)

Дополнително гласачко ливче по пат на кореспонденција за правни лица кои заклучно до 29.04.2024 го оствариле своето право на глас (ПРЕЗЕМИ ПДФ)

Известување за полномошници: Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва објавен во Сл. весник на РСМ бр.248/2018, ГД Гранит АД Скопје ги известува сите ополномоштени лица кои се овластени од повеќе од еден акционер да учествуваат во работата на претстојното Собрание, за дадените полномошна да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РСМ најдоцна пет работни дена пред одржување на Собранието односно најдоцна до 14.05.2021 година. При известувањето, ополномоштените лица да го користат образецот за известување од полномошник на собрание на акционери, објавен на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и на страницата на ГД Гранит АД Скопје. (преземи PDF)

 

ГД Гранит АД Скопје добитник на кристална статуетка за Најголем корпоративен донатор во 2023 година

Продолжувајќи и продлабочувајќи ја соработката со СОС Детско Село, ГД Гранит АД Скопје во 2023 година се вброи во друштвото на најголеми корпоративни донатори.

Горди и почестени сме што со нашиот скромен придонес сме причина за детска насмевка.

Огромно задоволство ни претставува што успеавме и во услови на економска криза, да ја поддржиме мисијата на СОС Детско Село во Македонија.

Посебно сме благодарни и на Синдикатот на Гранит, кој веќе 2 години помага во подготвувањето на зимница за младинците на СОС Детско Село и на тој начин секој еден вработен во Гранит дава свој придонес во обезбедувањето на се што е потребно за дечињата на кои тоа им е најпотребно.

 

Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата

 

Со особено задоволство ги покануваме сите професионалци од полето на набавките да се пријават и да го следат краткиот webinar, со наслов „Како се развиваат набавките? Идни трендови и предизвици за индустријата“.

Истиот ќе се одржи на 13.02.2024 со почеток во 12:00 часот, а еден од говорниците ќе биде и Денис Ризаов, правник во ГД Гранит АД Скопје.

Вебинарот ќе се осврне на следниве прашања:

-Кои се најновите случувања во индустријата?

-Прашања околу цените, одржливоста, квалитетот и квалификациите

-Како консултантите ја „бранат“ својата позиција на променливиот пазар?

-Различните пристапи низ светот – кои се клучните трендови?

-Улога на клучните финансиери и клиенти

-Правни рамки

-Улогата на FIDIC договорите врз добрите набавки

Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат на следниот линк: https://events.fidic.org/webinarseries2024/session/1922202/where-is-procurement-going-future-trends-and-challenges-for-the-industry

 

ГРАНИТ добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година од Друштвото на градежни конструктори на Македонија

На 20 Меѓународен Симпозиум во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, ГД Гранит АД Скопје беше добитник на признание за особено достигнување во градежното конструкторство во 2022 година.

Признанието беше доделено за изведба на објектот „Изградба на мост на бул. АСНОМ – втора фаза од ул. Цаско Карагелевски до ул. Индустриска 1 од км 0+834.69 до км 1+233.94“ на градежните инженери Андреа Серафимовски, Ивана Димитрова и Кристина Миладиноски од секторот за оператива на ГД Гранит АД Скопје.

Ова и сите останати признанија и награди се потврда за вложувањето во човечките ресурси на Друштвото, во насока на наградба на знаењето на нашите кадри, пристапот до нови технологии за градба, поседување на најсовремена опрема за изведба на објектите, високото ниво на тимска работа, како и мотив и понатаму да продолжиме да поставуваме стандарди во градежната индустрија.

22 годишна конференција на Македонска Берза

На 22-рата годишна конференција на Македонската Берза, која се одржа на 26 Септември годинава, учество во улога на панелист зема и Директорот на Секторот за финансии на ГД Гранит АД Скопје, г-дин Гоце Христов.

На панел дискустијата „Што ни донесе 2023 година?“ г-дин Гоце Христов ги сподели своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи, при што истакна дека стопанството во периодот од 2020 година наваму, се соочува со предизвиците наметнати од ковид кризата, како и кризата која настана како резултат на воените дејствија во Украина, што резултираше со екстремен пораст на цените на суровините.

Во такви услови не се располагаше со заштитни механизми кои ќе го амортизираа ударот, особено во градежништвото каде проектите кои се изведуваат траат по повеќе години, а истите се или со фиксни цени, клизни скали со голема фиксна компонента или со несоодветни индекси и параметри. Градежништвото се соочува и со сериозен недостаток на квалификувана работна сила и г-дин Гоце Христов, истакна дека тоа е уште еден од предизвиците со кои ќе се справуваме во периодот пред нас.

На панел дискусијата учество земаа и Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза кои ги образложија своите размислувања во поглед на предизвиците од економски аспект.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА ГД ГРАНИТ

Ги известуваме акционерите на ГД Гранит АД заради навремено комплетирање на податоците за исплата на дивидендата за 2022 година, потребно е да достават податоци од трансакциска сметка и лична карта со потпишана изјава. ( преземи изјава )

Акционерите кои добиле дивиденда за претходните години, доколку податоците им се важечки, нема потреба истите повторно да ги доставуваат.

Податоците да се достават на следнава адреса:
ГД Гранит АД , ул Димитрие Чуповски бр 8 Скопје или  на e-mail violeta.petrusevska@granit.mk со назнака за дивиденда 2022 година

Сите потребни информации можат да се добијат на тел. 02/ 3 218 713

ОДЛУКИ ДОНЕСЕНИ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ 2023

ГД Гранит АД Скопје, на овогодинешното Собрание на акционери кое се одржа на 30.05.2023 година ги донесе следните Одлуки:

1. Одлука за усвојување на Годишната сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година
(преземи PDF

2. Одлука по консолидираната Годишна сметка на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

3. Одлука за финансиските извештаи на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

4. Одлука за Годишниот Извештај за работењето на ГД Гранит АД Скопје во 2022 година (преземи PDF)

5. Одлука за усвојување на Извештаите од надворешните Ревизори за 2022 година (преземи PDF)

6. Одлука за Извештај од Надзорниот одбор за 2022 година на ГД Гранит АД Скопје ( преземи PDF)

7. Одлука за усвојување на Годишниот Извештај од Службата за внатрешна ревизија за 2022 година (преземи PDF)

8. Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на Друштвото за 2022 година (преземи PDF)

9. Одлука за распределба на добивката на ГД Гранит АД Скопје за 2022 година (преземи PDF)

10. Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар за 2022 година  (преземи PDF)

11.  Одлука за избор на Ревизорска куќа за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото за 2023 година (преземи PDF)